Могерини: Западен Балкан претставува стратешки регион за Европа

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини изјави денеска дека Западен Балкан претставува стратешки регион за Европа и иако тој се уште не е целосно дел од Унијата, сепак е Европа.

Таа порача дека на денешната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург ќе бидат разменети мислења за како „подобро да се соработува со партнерите од Западен Балкан за заедничка безбедност и просперитет“. Могерини во наредниот период ќе ги посети Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.