Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, изјави дека САД нема да ги повлечат своите војници од Сирија се додека не остварат три цели.
„Прва цел на САД во Сирија е да добијат гаранции дека хемиското оружје нема да се користи на начин што би ги загрозувал американските итереси, втората цел е целосно да биде поразена групата Исламска држава и трета цел е да се создаде добра позиција за следење на активностите на Иран“, рече Хејли во интервју за телевизијата „Фокс“
Таа нагласи дека целта на САД е американските сили да се вратат дома, но не без да бидат сигурни дека овие три цели се остварени.