Миновски: Мицкоски како директор на ЕЛЕМ склучувал договори во четири очи

Директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски

Директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на денешната прес конференција обвини дека „поранешниот директор на компанијата и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во четири очи склучил два договора со непосредна спогодба со компаниите Пелистер и Марковски, двата во вредност од 10,5 милиони евра“.

„Овие два договора, но и многу други кои биле склучени додека Мицковски бил директор ЕЛЕМ, се предмет на внатрешна и надворешна ревизија во компанијата. Резултатите од ревизијата ќе бидат готови за кратко време по што ќе ги објавиме во јавноста“, рече Миновски.