Патнички авион на кинеската авиокомпанија Ер Чајна денеска морал принудно да слета откако човек грабнал стујардеса како заложничка, користејќи остар предмет.
Пилотот го приземјил авионот во градот Женжу, каде патниците и екипажот безбедно се симнале, а безбедносните сили интервенирале и немало повредени во инцидентот. Авионот полетал од градот Чангша во областа Хунан и требало да слета во главниот град Пекинг