„Арчелор митал“ сака да ги повлече средствата од Македонија и уште од други пет земји

Илустрација

Компанијата „Арчелор митал“ до Европската комисија поднела предлози за повлекување на средствата, со цел добивање конкурентна дозвола од ЕУ за купување на италијанската компанија „Илва“, која е најголемиот производител на челик во светот, објави МИА.

Од Компанијата велат дека предложиле да ги повлечат средствата во Белгија, Чешка, Италија, Луксембург, Македонија и Романија.

Комисијата побара повратни информации од конкурентите и клиентите за предложените концесии на „Арчелор“ пред да одлучи дали да го одобри договорот за компанијата „Илва“. Се очекува таа до 23 мај да донесе одлука за договорот. „Арчелор митал“ во јуни 2017 година склучи договор вреден 1,8 милијарди евра за да ја добие најголемата фабрика за челик во Европа, објави МИА.