Заев: Нема да се урива споменикот на Александар Македонски

Споменикот „Воин на коњ“ или Александар Велики во Скопје

Премиерот Зоран Заев, во интервју за ТВ24, изјави дека споменикот на Александар Велики на централниот плоштад во Скопје нема да се урива и дека тоа не е ниту прашање во разговорите со Грција.

Сѐ што имаме ни е македонштината, но на граѓаните им требаат повеќе пари, подобар живот и затоа се надевам дека ќе има достоинствено решение за името со Грција, рече Заев.

Тој додаде дека „Грците имаат разбирање за тоа дека не треба да се чепка во идентитетот“, и нагласи дека референдум како дел од решавањето на спорот со името веројатно ќе има.

Премиерот Заев, заедно со вицепремиерите Радмила Шеќеринска и Бујар Османи денес на брифинг со новинарите ќе информираат за економската ситуација во Македонија, за реформите и за евроинтеграциите на Македонија.