Германската канцеларка Ангела Меркел денеска исклучи можност Германија да учествува во воени напади врз Сирија. Таа истакна дека Германија нема да учествува во воени акции против Сирија и нагласи дека Германија ќе поддржи и ќе прави се со цел да се испрати сигнал дека е неприфатливо користење хемиско оружје.
Во меѓувреме францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека постои доказ оти режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад употребил хемиско оружје при нападот врз Дума во саботата.
„Имаме доказ дека хемиското оружје што е употребено е хлор и дека тоа било користено од страна на режимот на Башар ал-Асад,“ изјави Макрон во интервју за француската телевизија ТФ1.