ОБСЕ соопшти дека на гласањето на претседателските избори во Азербејџан на кои нов мандат освои актуелниот шеф на државата Илхам Алиев имало сериозни нерегуларности и недостигала вистинска конкуренција.
Во извештајот на ОБСЕ се наведува дека на изборите имало широко распространето непочитување на задолжителните процедури, недостаток на транспарентност и бројни сериозни неправилности, како што се полнење на гласачки кутии.
Алиев доби повеќе од 86 проценти од гласовите, а неговиот најблизок противник само 3 отсто. Излезноста на гласањето беше 73 отсто.