САД најавуваат строги санкции за Иран

Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин

Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин сугерираше дека САД можеби ќе воведат строги санкции врз Иран бидејќи претседателот Доналд Трамп се обидува да одговори на според него, катастрофалните недостатоци во нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили.

Тој посочи дека мерките ќе вклучуваат санкции против Иран и компании кои работата со земјата. Мнучин порача дека таквите санкции ќе имаат многу силно влијание врз иранската економија.