Во Сараево упасени двајца осомничени дека се членови на ИД

Знаме со обележја на ИД на куќа во БиХ.

Полицијата во Босна и Херцеговина уапсила двајца осомничени дека се членови на екстремистичката група Исламска држава (ИД). Двајцата мажи биле уапсени при рација на два имота во Сараево. Од Обвинителството соопштија дека при претресот било откриено и оружје, гранати, муниција, автоматски пушки, ножеви, борбени елеци и знамиња со ознаки кои изгледаат како обележјата на Исламската држава. Дополнителни детали не се соопштени.

Во декември во Сараево во близина на американската амбасада беа уапсени 25 луѓе, и беше запленето големо количество оружје.

Околу 1.000 луѓе од поранешна Југославија им се приклучија на екстремистичките групи кои се борат во Сирија и Ирак од 2014 година. Околу 200 се убиени, а уште 300 се вратија дома.