Русија го поздрави закрепнувањето на Јулија Скрипал

Јулија Скрипал

Руската амбасада во Лондон на Твитер и честита на Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал на нејзиното закрепнување по нападот со нервен гас во британскиот град Салсбери.

„И честитаме на Јулија Скрипал за нејзиното закрепнување. Сепак, ни треба ургентен доказ дека она што и е направено е врз основа на нејзината слободна волја“, напишаа од амбасадата на социјалната мрежа.

Јулија Скрипал денеска беше отпуштена од болницата во Британија и префрлена на безбедна локација. Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа отруени со нервен гас во британскиот град Салсбери на 4 март. Докторите соопштија дека се подобрува здравствената состојба и на поранешниот шпион.