Рускиот вицепремиер Аркади Дворкович изјави денеска дека новите американски санкции врз некои руски компании создале неизвесност за сите инвеститори. Според него, важно е Русија да ја минимизира таа неизвесност.
САД во петокот воведоа санкции за 24 Руси меѓу кои има владини претставници и олигарси, како и за 14 компании, поради активности на земјата за поткопување на западните демократии.