Јулија Скрипал отпуштена од болница

Јулија Скрипал

Јулија Скрипал ќерката на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал е отпуштена од болницата во Британија. БиБиСи јави дека 33 годишната Јулија била префрлена на безбедна локација.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа отруени со нервен гас во британскиот град Салсбери на 4 март. Докторите соопштија дека се подобрува здравствената состојба и на поранешниот шпион кој веќе не е во критична ситуација.