Тачи: На заканите од Србија ќе одговориме како пред 19 години - со пушки

Косовскиот претседател Хашим Тачи.

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека на „заканите од Србија“ ќе биде одговорено со „пушки“.

„На тие закани ќе одговориме исто како што одговоривме пред 19 години - со пушки“, истакна Тачи.

Тој одржа говор на манифестацијата на караулата Кошаре, која се одржува по повод 19 години од конфликтот меѓу тогашната југословенска војска и ОВК на тој дел од границата.

Косовските Албанци таа манифестација ја одржуваат на денот кога, како што велат, „конечно е отстранета границата меѓу албанските земји“.