Новиот претседател на Ерменија положи заклетва на функцијата

Армен Сарксијан

Армен Саркисјан положи заклетва како претседател на Ерменија во услови на шпекулации дека неговиот претходник Серж Саркисјан со кого не е роднински поврзан ќе ја преземе премиерската функција, која има поголема моќ по спроведувањето на уставните реформи во земјата.

64 годишниот Армен Саркисјан, кој е поранешен амбасадор во Британија беше избран од пратениците на 2 март. Парламентот треба да го избере идниот премиер на земјата на 17 април.