Убедлива победа на Орбан на изборите во Унгарија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Орбан доби уште еден мандат за премиер на Унгарија

Премиерот Виктор Орбан освои трет последователен мандат на власт откако неговите пораки против имиграција и обезбедија силно мнозинство на неговата партија во парламентот. Врз основа на прелиминарните резултати Фидес ќе има дво третинско мнозинство во парламентот.

Десничарскиот националистички премиер се проектираше како спасител на унгарската христијанска култура против миграцијата на муслиманите во Европа, слика која беше прифатена од милиони гласачи, особено во руралните средини.

„Најпрвин би сакал да им честитам на гласачите. Ви благодарам за вашето учество. Високиот одѕив ги отфрли сите сомнежи“.

Ова Орбан го изјави пред голем број приврзаници во Будимпешта додавајќи:

„Зад нас е голема битка. Освоивме клучна победа, добивме шанса, си дадовме шанса да ја одбраниме Унгарија“.

Изборната комисија соопшти дека врз основа на преброените над 98 насто од гласовите, одѕивот беше околу 70 проценти,

Фидес освоила 48,8 проценти, што е многу повеќе од второ пласираната националистичка партија Јобик која доби нешто над 27 проценти.

Така Фидес ќе има 133 пратенички места во парламентот од 199 места.

Тоа пак, значи дека Орбан ќе има овластувања за промена на уставните закони.

Ваквата победа на Орбан, најдолготрајниот посткомунистички премиер на Унгарија, да ги охрабри и другите лидери во Централна Европа, како во Полска, да застанат поцврсто против натамошното интегрирање на Европската унија.

Со строга контрола врз државните медиуми и неговите бизнис сојузници во контролата на регионалните весници, пораката на Орбан беше прифатена од многу Унгарци кои сметаат дека е во опасност нивниот идентитет и оти се третирани како граѓани од втор ред во Европската унија.

Најсилната опозициска партија во новиот парламент е поранешната екстремно десничарска Јобик, кој го смени својот имиџ како поумерена националистичка сила.

Таа водеше кампања против корупцијата и бараше повисоки плати за да се привлечат стотиците илјади Унгарци кои заминаа за Западна Европа.