Српскиот претседател Вучиќ во посета на БиХ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ја почнува дводневната посета на Босна и Херцеговина по повод отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство во Мостар. Тој во текот на денов ќе се сретне со членот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ. Според некои медиуми, претседавачот на Претседалството Бакир Изетбеговиќ и членот на Претседателството Младен Иваниќ нема да присуствуваат на отворањето на саемот во Мостар на кој е најавено учество и на други лидери од регионот.