Коѕијас - Проблемите со Скопје може да се решат со смелост

Архивска фотографија - Прес-конференција на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Скопје

Разликите со Скопје можат да се решат со смелост, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за германскиот весник „Шпигел“.

„Разликите со Скопје се проблеми со историски карактер, со идентитет, со наследство и култура. Овие прашања се чувствителни. Но, можат да се решат со смелост, како што правиме сега. Додека, пак, со Турција имаме проблеми со геостратешки и геополитички претензии“, вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто за германскиот весник.

Речиси целото интервју на Коѕијас за „Шпигел“ е посветено на грчко - турските релации, јави дописничката на МИА од Атина.