Пацоли - Никогаш нема да разговараме за размена на територии

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави дека Приштина никогаш нема да разговара со Белград за можноста за размена на територии.

Тој на Твитер напиша дека двете страни „мора да разговараат за нормализација на односите и меѓусебно признавање“, јави Танјуг повикувајќи се на РТК на српски јазик.

„Косово не (разговарало), ниту некогаш ќе разговара со Србија за размена на територии или за идеи за поделба кои остануваат во мислите на политичарите во Белград од 90-тите години“, напиша тој.

Пацоли ги повика политичарите, како што напиша, „на маса да се разговара за правни обврзувачки договори за нормализација на соработката и меѓусебно признавање“, наведува РТК2.