ВМРО-ДПМНЕ достави барање за интерпелацијата на Владата

Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го достави до Собранието барањето за гласање доверба на Владата на премиерот Зоран Заев, потврдија од партијата за МИА.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски претходно изјави дека очекува во среда да биде свикана седницата на која, како што рече ќе ги изнесат аргументите за гласање недоверба на Владата.