Движењето Беса на Касами избра потпретседатели и генерален секретар

Биљал Касами.

Едно од крилата на Движењето Беса, не чело со Биљал Касами, избра нови потпретседатели. Синоќа на првиот состанок по Конгресот е одлучено нови потпретседатели да бидат Фадил Зендели, Кастриот Реџепи и Абдуш Демири. За генерален секретар е избран Аријанит Хоџа.

Како што информираат од партијата, на состанокот се избрани и раководители на секретаријатите во рамки на Претседателството, а одлучено било на некој од следните состаноци да се избере и четвртиот претседател кој ќе биде од редовите на Форумот на жени.