Временска прогноза - Променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 13 до 22 степени. Во Скопје температурата ќе достигне 19 степени.

Метеоролозите за в недела и понеделник најавуваат сончево време и дневни температури од 15 до 23 степени.