Најмалку шестмина загинати во хеликоптерска несреќа во Чеченија

Спасувачка операција по хеликоптерската несреќа во Чеченија

Најмалку шест луѓе загинаа во хеликоптерска несреќа во Чеченија во близина на границата со Грузија. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров рече дека се работи за хеликоптер Ми-8 на Чеченската гранична служба. Тој рече дека „сложените временски услови“ можеби го предизвикале уривањето во планините во јужна Чеченија.

Еден човек е пронајден жив и спасувачите го пренеле во болница. Претходно беше соопштено дека во хеликоптерот имало девет луѓе.