Макрон бара од Путин да влијае врз решавање на сирискиот конфликт

Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин при што ја повикал земјата да го искористи своето влијание со цел да се стави крај на конфликтот во Сирија и да продолжат преговорите за политичка транзиција.

"Претседателот ја нагласи потребата да се стави крај на воената ескалација во последните месеци за да се заштити цивилното население", се наведува во соопштението.

Двајцата лидери, според соопштението, разговарале и за важноста да не се дозволи повторно оживување на милитантната група Исламската држава во регионот. Макрон изразил надеж оти редовниот дијалог меѓу Франција и Русија би можел да овозможи поконкретен напредок во изнаоѓањето на решение во Сирија.