Меркел наскоро во посета на САД

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе го посети американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон во наредните недели, соопшти Белата куќа. Портпаролот Хоган Гидли не го прецизира точниот датум на посетата, наведувајќи дека се уште се договораат деталите. Германскиот весник „Билт“ пишува дека посетата била планирана за 27 април. Тоа ќе биде втора посета на Меркел на Вашингтон, а прва откако положи заклетва за четвртиот мандат како канцеларка на Германија во минатиот месец.