Несогласувања пред претстојниот Самит на ЕУ за Западен Балкан

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск

Несогласувањето околу формата и содржината на финалната заедничка изјава на главниот самит на Европската унија за Западен Балкан во Софија се заканува да го попречи состанокот повеќе од еден месец пред да се одржи. Овој собир меѓу 28 земји-членки на Унијата и шест земји од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија - е централен дел на бугарското претседателство со Советот на ЕУ. Но, присуството на Косово е спорно за Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија - кои не ја признаваат независноста на Приштина и ја комплицираат изработката на завршниот документот на самитот на 17-ти мај. Првиот нацрт на таканаречената „Софиска декларација“ кон крајот на март беше разгледан од амбасадорите на членките во ЕУ.