Времето денеска: врнежливо

Во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во северните и централните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 25 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, на места засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени. Во Скопје и околината температурата ќе достигне до 14 степени.