Во напад во универзитет Осман Гази во турскиот град Ескишехир се убиени четворица вработени. Инцидентот се случил откако вооружен напаѓач влегол во универзитетот и почнал да пука.
Според извештаите, напаѓачот бил истражуван на универзитетот, а меѓу жртвите се заменик декан, секретарка и двајца членови на наставничкиот кадар. Полицијата го уапсила напаѓачот. Се уште не се знае мотивот за нападот.