Во Киргистан осудени родители кои не ги школувале децата

Илустрација

Киргистанскиот суд осуди брачна двојка на затворска казна поради тоа што ги спречиле нивните деца да посетуваат училиште. Според судот, тие се виновни бидејќи не ги исполниле нивните должности како родители, бидејќи на нивните деца не им овозможиле образование.

Тие добиле казна затвор од две години. Нивниот идентитет не е соопштен во јавноста. Мажот бил веднаш префрлен во затвор додека неговата жена ќе ја отслужува казната откако нивното најмладо дете не наполни 14 години.