Албанската опозиција денеска во знак на протест блокира четири главни делници во земјата. Демонстрантите ја обвинуваат Владата за поврзаност со организиран криминал, зголемувањето на даноци и за сиромаштијата и бараат оставка од премиерот Еди Рама.
Главната опозициска Демократска партија ја бојкотираше и собраниската седница и ги повика граѓаните да не плаќаат даноци. Полицијата соопшти дека протестите се нелегални, бидејќи претходно не биле најавени.