Шест рудари загинале, а тројца биле повредени кога се урнал покривот на рудник за јаглен во западна Грузија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека несреќата се случила во рудникот Миндели кој се наоѓа на 200 километри оддалеченост од Тбилиси. Концесионер на рудникот е грузиска компанија.