За грчката опозиција важен е Уставот, иредентизмот и идентитетот на Македонија

Лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис

Лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис изјави денеска дека нив не ги засега само прашањето за името, туку и Уставот, иредентизмот и идентитетот на Македонија.

Тој во интервју за грчкото радио Реал фм порача и дека кога се отворил прозорецот на можност, грчкиот премиер Алексис Ципрас започнал со тајна дипломатија, не ја известил опозицијата, туку се обидел да ја подели, а го поделил и општеството.