Собранието продолжи со работа, пратениците од опозицијата не се присутни

Собрание на Република Македонија

Собранието на Македонија денеска продолжи со работа, при што пратениците од опозицијата не се присутни. На дневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на семенскиот и саден материјал, во прво читање, а за денеска закажани се уште три седници на кои ќе се расправа за точки од различни сфери.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека пратениците од неговата партија ќе се вратат во Собранието и ќе поднесат интерпелација за Владата.