Путин тврди дека изборите биле најтранспарентни во руската историја

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека изборите кои се одржаа во минатиот месец биле најверојатно најтранспарентни и најчисти во историјата на земјата.

Путин ја даде изјавата за време на средбата со шефицата на централната изборна комисија Ела Памфилова која му го врачи сертификатот за победата на изборите за која неговите противници и меѓународни набљудувачи соопштија дека била извојувана во услови кога гласачите немале вистински избор. Путин доби 76,7 проценти од гласовите, повеќе отколку на претходните три изборни циклуси.