ВМРО-ДПМНЕ одлучува дали ќе се врати во Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ на седниците на извршниот и на централниот комитет што се одржува од попладнево одлучува дали нејзините пратеници ќе се вратат во Собранието.

Пред почетикот на седницата членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Костадин Богданов изјави дека смета оти местото на пратениците е во Собранието. Тој очекува ваква одлука денеска да донесе партијата во насока на, како што рече, поддршка на евроинтегративните процеси на земјата.

ВМРО-ДПМНЕ пред три месеци одлучи да не учествува во работата на Собранието бидејќи 12 отсто од нејзините пратеници биле во притвор. Лидерот Христијан Мицкоски тогаш најави дека ќе се вратат во Парламентот откако ќе бидат ослободени од притвор нивните шест патеници.

Денеска во интервју за Радио слободна Европа, Мицкоски порача дека ако се донесе одлука пратениците да се вратат во Собранието, тие веднаш ќе поднесат интерпелација за работењето на Владата.

За разлика од него, координаторот Драган Данев смета дека нема амбиент за враќање на партијата во Собрание и дека се уште се чувствува притисок од власта

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски вчера изјави дека очекува опозицијата да биде присутна на собраниската седница во вторник на која ќе се разгледува законот за судови за чие донесување е неопходно двотретинско мнозинство.