Шекеринска се приклучи во Европскиот совет за надворешни работи

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска

Министерството за одбрана соопшти дека вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска доби покана да се приклучи кон Европскиот совет за надворешни работи. Ова е една од највлијателните паневропски тинк-тенк организации со мисија за поттикнување на кохерентна и ефикасна надворешна политика базирана на европски вредности.

Шекеринска е првиот политичар од Македонија поканет да се приклучи кон овој совет, соопшти Министерството.

Поканата ја упати тричлената група копретседавачи со бордот на Советот предводена од Карл Билт, поранешен шведски премиер и еден од политичарите што одигра голема улога во смирување на балканските конфликти по распадот на поранешна Југославија.