Ердоган го критикува Косово поради “ѓуленистите”

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот претседател Речеп Тајип Ердоган го критикуваше косовскиот премиер Рамуш Харадинајво врска со апсењето и депортацијата на шестмината турски граѓани кои имаат врски со училиштата поврзани со движењето Фетулах Ѓулен, кое Анкара го обвинува за неуспешниот државен удар во 2016 година. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека бил "тажен" и дека премиерот Рамуш Харадинај ќе "плати" откако тој ги разреши и неговиот министер за внатрешни работи и неговиот шеф на разузнавањето за депортирањето на ѓуленистите од Косово без негова дозвола. Харадинај рече дека не е информиран за операцијата, и започна истрага "на сите (државни) структури кои беа вклучени во апсењето и депортирањето" на шесте турски граѓани. "Моето прашање за косовскиот премиер е: под чие упатство преземате такви акции? Од кога почнавте да ги браните оние кои се обидоа да направат преврат воТурција? ", праша Ердоган, истакнувајќи дека Турција е втора земја во светот што го призна Косово по САД.

"Како можеш да ги заштитиш овие луѓе кои се обиделе да превземат државнен удар против косовскиот брат - Турција?" Вие ќе одговорите за ова! " изјави Ердоган. На 30 март Хардинај го отпушти министерот за внатрешни работи и шефот на тајната служба по апсењето и протерувањето на шесте турски државјани еден ден претходно.