Препукувања меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за администрацијата

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

ВМРО ДПМНЕ денеска излезе со соопштение во кое наведува дека СДСМ претходно тврделе дека бројот на вработени во администрацијата е 180.000, а сега кога се на власт тврдат дека се 128.722 вработени.

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски кој деновиве го презентираше извештајот, според опозицијата, треба да сноси одговорност за манипулирањето на граѓаните со наштимани бројки

Според опозицијата во извештајот презентиран од Манчевски не е вклучена годишната флуктоација на кадри во јавниот сектор.

"Свесно е испуштена годишната флуктоација за да не се види колкав е бројот на вработени за овие 6 месеци колку што е СДСМ на власт" велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ пак реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ со години го криела бројот на вработени во администрацијата

"За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога бројот на лица вработени во државната и јавната адиминстрација се криеше од јавноста, Владата предводена од СДСМ за првпат јавно го објави вкупниот број на лица вработени во администрацијата" стои во партиското соопштение.

СДСМ доплнува дека во извештајот е објавен и бројот на вработени лица во акционерски друштва во државна сопственост и бројот на лица вработени преку агенции за времени вработувања.

"Токму времените вработувања со години беа злоупотребувани и користени за масовно вработување на партиски кадри од страна на ВМРО-ДПМНЕ и партизација на администрацијата" се вели во реакцијата на СДСМ.