Џолев: Новиот кривичен суд ќе создава убавина одвнатре

Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд.

Кривичниот суд во Скопје денеска е пуштен во употреба по осум години изградба.

Новата барокна зграда на Кривичен суд има 25 нови судници, преку 100 канцеларии, подземна гража и современ систем за надзор и компјутерска техника.

Претседателот на Основен суд Скопје 1, Иван Џолев рече дека покрај бројните критики за надворешниот изглед на зградата, тој сепак е убеден дека како кај човекот, така и кај се другото , убавината доаѓа од внатре.

"Зградата која надворешно беше завршена во 2013 година, различни луѓе различно ја доживуваа. Но, јас едно ќе кажам, како што би рекол и за човекот. Убавината доаѓа одвнатре, а не однадвор. Новиот Кривичен суд убавината ќе ја креира одвнатре. Ние вработените во судот треба да ја смениме сегашната перцепција за судот и граѓаните да го посочуваат како суд на правдата. На невините да им биде овозможена правдата, а да му се суди на криминалот. Кривичниот суд поседува луѓе со интегритет. Имаме нова зграда, за нов почеток" – изјави Џолев.