Малала го посети родниот град во Пакистан

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи.

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи, денеска го посети својот роден град во Пакистан за прв пат откако таа беше застрелана од талибанските милитанти во 2012 година. Малала слета со хеликоптер во градот Мингора, во северозападна долина Сват, во Пакистан, во услови на зголемена безбедност заедно со нејзиниот татко, мајка и двајцата браќа. Таа со солзи во очите влезе во нејзината стара куќа. За време на кратката посета, Малала се сретна со соседите, пријателите и роднините. Таа беше придружувана од пакистанскиот министер за информации, Мериам Ауранџеб. До посетата на Малала на нејзиниот роден град доаѓа по два дена откако таа се врати во Пакистан, за прв пат откако беше застрелана во главата во нејзиниот школски автобус од талибански вооружени лица. Таа водеше кампања за едукација на девојки, на што милитантната екстремистичка група се противи.