Новата комесарка за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ изјави дека нејзин приоритет ќе биде да обезбеди примена на постоечките норми во почитување на човековите права и додаде дека за тоа е потребна политичка волја, но и ангажирање на целите општества.
Мијатовиќ на оваа функција стапува денеска, откако во јануари беше избрана на парламентарното собрание на Советот на Европа во јануари. Како што е соопштено од Стразбур, таа денеска ја презема должноста, како прва жена што ќе ја извршува функцијата.Пред Мијатовиќ комесари за човекови права беа Нил Муижниекс, Томас Хамарберг и Алваро Хил-Роблес.
„Ќе настојувам да го зачувам наследството од работата на претходните комесари и да ја одржам способноста на оваа институција брзо и ефикасно да реагира во заштитата на човековите права. Верувам дека човековите права се универзални и дека ниту една земја не е надвор од контрола,“ изјави Мијатовиќ по повод преземањето на функцијата.