Ахмети: Законот за јазици не влијае врз македонскиот јазик

Законот за јазиците е во корист на земјата и во никој случај не влијае врз македонскиот јазик, истакнал претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на Германија во Македонија Томас Герберих на која, како што соопштува ДУИ, се разменети мислења и за политичката состојба во државава, активностите во Собранието, спорот со името како и интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Според Ахмети, претседателот Ѓорѓе Иванов и опозицијата треба да запрат со пропагандата за дневно-политички цели, како и да го дадат својот придонес во заокружувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор. Во врска со проширувањето на парламентарното мнозинство, според соопштението, Ахмети рекол дека се уште не се почнати разговори со премиерот со кого треба да се сретне денеска, но оти првично ќе бидат разгледани политичките и идеолошките определби на аспирантите да се приклучат на парламентарното мнозинство.