Грузија донела одлука да протера руски дипломат како одговор на случајот Скрипал. Грузиското МНР преку соопштение ја осуди употребата на хемиско оружје на територијата на Британија со што, како што е наведено, претставувало сериозна закана по животот и здравјето на луѓето.
Според министерството, труењето на поранешниот руски двоен шпион и неговата ќерка Јулија во британскиот град Салсбери претставува сериозен предизвик за заедничката безбедност.