Ѓуриќ му даде рок на Косово за формирање ЗСО

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Приштина има рок од три недели да започне со формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО).

Доколку тоа не се случи, тој на прес-конференцијата во Белград порача дека претставниците на Србите од Косово сами ќе започнат со создавањето на ЗСО. За тоа, според него, имаат поддршка од српските власти, а создавањето на ЗСО е во согласност со домашното и меѓународното право, како и со Бриселскиот договор.