Плејбој го напушта Фејсбук

Playboy Logo

Компанијата „Плејбој ентерпрајзис“, соопшти дека се повлекува од Фејсбук по скандалот околу приватноста на социјалната мрежа.

Во соопштението од компанијата се наведува дека им е тешко да ја изразат својата вредност поради строгите правила на Фејсбук кои вклучуваат и органичување на прикажување на голотија. А лошото управување со податоците, била капката која ја прелила чашата, наведува Плејбој.

Околу 25 милиони луѓе се поврзани со Плејбој на Фејсбук, а компанијата наведе дека ќе ги затвори сите налози со кои директно управува. И други компании презедоа слични мерки.