Русија бара Британија да докаже дека не стои зад нападот на Скрипал

Сергеј Скрипал

Русија ја повика Британија да докаже дека не го отрула поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал. Според властите, доколку Британија не приложи докази земјата на инцидентот ќе гледа како обид по животот на руски државјани. Руското МНР наведе дека анализите на околностите ги наведува да мислат оти е можна инволвираност на британските разузнавачки служби во случајот.

Односите меѓу Лондон и Москва се затегнати по нападот врз Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои остануваат во критична состојба откако беа изложени нa нервен гас во англискиот град Салсбери на 4 март.