Путин отворен за одржување на самит со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин се уште е подготвен да одржи самит заедно со неговиот американски колега Доналд Трамп и покрај масовното протерување на руски дипломати од западните земји.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков порача дека тоа зависи од САД, иако Русија е отворена за корисен и искрен однос со сите земји. Според него, Русија во моментот нема информации за подготвеноста на Трамп да се сретне со Путин по одлуката на Вашингтон да протера околу 60 дипломати.