Црна Гора прогласи руски дипломат за непожелно лице поради случајот со труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија. Според соопштението, дипломатот има рок од седум дена да ја напушти земјата и властите за тоа ја известиле руската амбасада во Подгорица.