Одбиено барањето за притвор на Мукоски и Василевски

Пратеникот Крсто Мукоски на распит во Кривичниот суд во декември, минатата година

Кривичниот суд го одбил барањето на обвинителството за определување мерка притвор на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски и тие остануваат во домашен притвор. На пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и на уште две лица им се продолжени мерките за претпазливост.

Судот им определи 30 дена притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и на уште четири лица обвинети за настаните во Собранието на 27 април минатата година. Обвинетите имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје во рок од 24 часа по приемот на решенијата.