Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина соопшти денеска дека повторно ќе ја воведе својата долгорочна програма за беспилотни летала по нејзиното укинување пред година ипол.
Според соопштението на мисијата која го набљудува конфликтот источна Украина меѓу владините сили и проруските сепаратисти програмата од утре ќе биде ставена во функција во градот Костантиновка. Беспилотните летала, како што е наведено, ќе помогнат во напорите за надминување на пречките во набљудувањето на конфликтот во источна Украина.